За следниот понеделник е одложен изборот на шеф на Вишото скопско јавно обвинителство,. откако на денешната седница, Советот на јавните обвинители побара дополнително време за да ги разгледаат оценките и досијеата на пријавените кандидати.
Во ,,трката” за шеф на ова обвинителство се актуелниот обвинител на вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи како и обвинителите Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми. И двајцата беа дел од поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО), а потоа беа избрани за виши обвинители.
Седницата почна со задоцнување од час и половина, по консултации на членовите во канцелариите.
Изборот е одложен за седница закажана за следниот понеделник.







