Одложено судењето за случајот „секс во фиќо“

Денеска започна но и веднаш беше прекинато судењето за случајот „секс во фиќо“ против јутјуберот Стефан Лазаров и Драган Павловиќ Латас за поткастот емитуван на Јутјуб.



Судењето се одложи поради тоа што адвокатката на Латас беше истовремено на друго судење и не можеше да присуствува на денешното пво рочиште.

Латас, во интервју на Јутјуб каналот на Лазаров, објавено на 14 февруари, говореше за неговото сексуално искуство во тинејџерските денови со девојка, за што имаше бројни реакции дека промовира насилничко однесување. По низата реакции во јавноста, Основното јавно обвинителство оформи предмет.