Американскиот аналитичко-истражувачки центар „Галуп“ спроведе истражување за потенцијалните миграции на квалификуваната работна сила, според кое Нов Зеланд е најпосакувана земка за емиграција, а Сиера Леоне земјата од која најмногу луѓе сакаат да си одат.
Врз основа на податоците добиени од половина милион испитаници од 152 земји помеѓу 2015 и 2017 година изготвен е „потенцијален нето миграциски индекс“.
Според овие податоци, регионот на Западен Балкан е на врвот на списокот земји на кои им се заганува „одлив на мозоци“, пренесува Танјуг.
Во Босна и Херцеговина и Албанија 32 отсто граѓани би можеле да заминат од земјата, по што следува Македонија со 30 отсто.
Од Србија, истражувањето покажува дека до 25 отсто од школуваните млади би сакале да заминат од земјата.
. Податоците за Косово се одвоени и тие покажуваат индекс „одлив на мозоци“ од 40 отсто.
Од Романија би заминале 22 отсто граѓани, 16 од Унгарија, од Бугарија 12 отсто, а од Хрватска 7, покажува истраќувањето на „Галуп“.




