Одлични резултати за „Брејк а лег“ на Државното првенство во модерни танци

Викендов Струмица беше преполна со млади кои се натпреваруваа во голем број на танц дисциплини.



Државното првенство организирано од Панче Димов од One Way Dance Studio ги собра најдобрите танчери од Македонија на квалификации за престојното Европско Првенство во ХипХоп кое ќе се одржи во СЦ Борис Трајковски од 6ти до 10ти Јуни 2023 година. На натпреварот учество земаа над 1000 натпреварувачи од: Аква Денс Клуб, Уан Веј, Еурека, Ит Да Бит, Данса Латина Стефи, Експоуз, Брејк А Лег, Урбан Кру и Левел Ап.
Танчерите од Брејк А Лег со одлични настапи остварија 1ви места во неколку танц категории:


– 1во Место ХипХоп Формации Деца- 1во Место ХипХоп формации Сениори- 1во Место ХипХоп групи јуниори- 1во Место Мила Србиноска , ХипХоп соло деца- 1во Место Ангела Казанџиска ХипХоп соло јуниори 1- 1во место Горазд Маневски , ХипХоп соло деца.


Покрај европското првенство , оваа година Македонија е организатор и на Светско Првенство во Латино во ноември.Им посакуваме среќа на сите натпреварувачи кои ќе ја претстават Македонија во најдобро светло.