„Не бев на средбата на која се носеше политички договор за одложување на пописот и немам одговорност за тајминзите.



Не може да се прави сметка без крчмар, требаше да се процени дека ќе влеземе во цајтнот“, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери според кој во постапката за одложување има соодветни процедури што треба да се поминат.

Тој ѝ го вратил во Владата предлог-законот за измени на Законот за попис, поради, како што рече, формални пропусти, и очекува во текот на денот да биде вратен во Собранието. Сепак, Џафери, на денешната прес-конференција, рече дека не може да каже дали за денес ќе биде закажана седница за изгласување на потребата од донесување на законот по скратена постапка.

Џафери вели дека согласно со важечкото решение, статистичката операција треба да почне уште утре.

Премиерот Зоран Заев изјави денеска дека конечниот збор за донесување на измените на Законот за попис го има парламентот.

„Ако нема промена на Законот, тогаш секако дека треба да тече пописот, освен ако парламентот испрати јасен сигнал дека има мнозинство за донесување законски измени, со кои ќе се смени и терминот за спроведување на пописот. Во тој дел веќе е испратена порака дека имаме и повеќе од двотретинско мнозинство“,рече Заев.

рече Заев коментирајќи ја изјавата на Џафери дека не се согласува со одложување на пописот.