Пратеникот Бране Петрушевски, кој е осуден за навреда искажана од собраниската говорница кон неговиот колега Мартин Костовски, најави дека ќе поднесе барање до Републичкиот судски совет за разрешување на судијата Неџат Мемети од кумановскиот Основен суд, кој оценил дека му нанел душевна болка на Костовски и го казнил да му исплати две ипол илјади евра, плус камата.
Правниците бараат одговорност за судијата кој осуди пратеник за искажан став од говорница. Пресудата за нив е, благо кажано скандалозна.
Професорката Најчевска, на социјалните мрежи пишува дека, она што не го разбираат надворешните набљудувачи е дека во Македонија не станува збор само за партизирано судство туку за судство составено од луѓе со ограничени интелектуални способности и големо незнаење.







