Одговорност за пожарот ќе има, но се’ уште е рано, вели Пендаровски

Одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали се очекуваат оставки, претседателот Стево Пендаровски рече дека ќе побара морална одговорност за трагедијата во која загинаа 14 луѓе синоќа во Тетово.



„Се уште е рано, не поминале ниту 24 часа од пожарот. Во овој момент не знам дали постои основ за таква одговорност. Она што го знам е дека во што побрз период да се излезе со истрага и извештај за да нема сомнеж дека некој нешто прикрива и не сака да истражи“, истакна Пендаровски кој денеска беше во Тетово.