Премиерот, Димитар Ковачевски заедно со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер денеска преку видео-врска имале разговор со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД, Брајан Нелсон.
Според владата во Скопје на состанокот одржан преку видео-врска, главен фокус бил ставен на актуелните меѓународни случувања, спречувањето и сузбивањето на перење пари.
Во соопштението од владата не се споменува случајот Онишченко кој е дел од Црната листа на САД за која ингеренции има токму денешниот соговорник на Ковачевски, Агелер, советникот за надворешни работи Едмунд Адеми и шефот на кабинетот на премиерот.
„Премиерот Ковачевски посочи дека борбата е заедничка и преку партнерскиот пристап помеѓу сите демократски меѓународни партнери, е насочена кон јакнење на отпорноста на нашето општество и целосно сузбивање на влијанието и обидите за дестабилизација“, се вели во кусото соопштението од Владата за состанокот.
Цената листа на САД е дел од Канцеларијата за контрола на надворешни поседи која е дел од министерството за финансии на САД. Рускиот државјанин кој доби и македонско државјанство Александар Онишченко кого го бара Украина а е на црната листа на САД токму по налог на оваа американска институција чиј претставник денеска зборувал со Ковачевски.
Речиси една месец откако пукна аферата Онишченко владата на Ковачевски се уште не открива како се случи СДСМ и ДУИ да дадат пасош на човек кој е на црната листа на САД.






