Одеса нападната со дронови

Одеса повторно беше нападната од беспилотни летала камикази, кои трипати погодиле административна зграда во центарот на градот, објави командата „Југ“ на украинската армија.



Според извештајот, друг дрон бил соборен од противвоздушна одбрана.

Нема жртви, спасувачките операции и гаснењето на пожарот се во тек.

Во нападот се оштетени и околни станбени згради.

Градоначалникот на Одеса Хенадиј Труханов на Фејсбук објави дека „штетите, според прелиминарните податоци, станбените куќи и зградите околу местото на ударот се малку оштетени“, истакна Труханов.

Пред два дена камиказе беспилотни летала Шахед-136 од иранско производств ја погодија Одеса – уништена е административна зграда, а едно лице загина.