Одеса ги отвори плажите, но забрането е…

Во украинскиот црноморски град Одеса официјално отворени за капење за прв пат од почетокот на руската инвазија, се отворени неколку плажи.



Но, останува во сила забраната за пливање за време на воздушни напади, соопштија денеска локалните власти.

Одеса, најголемото пристаниште и поморска база во Украина, постојано беше напаѓања со проектили и беспилотни летала, а морето беше преполно со стотици мини од инвазијата минатиот февруари.

Заради безбедност на жителите и по експлозија на неколку мини на плажите, крајбрежјето беше затворено.

Сепак, воените и цивилните власти заеднички одлучија повторно да ги отворат плажите, изјави гувернерот на Одеса област, Олег Кипер, на комуникациската платформа Телеграм.

Тој рече дека плажите ќе бидат отворени од осум наутро до осум навечер.

Отворањето на плажите претставува краток одмор од војната за луѓето да можат да пливаат и да се сончаат.

„Сонував да одам на плажа и да дишам во солениот воздух. Многу ни недостасуваше. Но безбедноста е главен приоритет”, вели Свитлана, жителка на регионот Одеса.