Годинава 2.030 муслимани од Македонија ќе заминат на аџилакот како еден од петте главни столбови на исламот,во Саудиска Арабија,
Поради поднесувањето на големиот број пријави, повеќе од три илјади луѓе не можат да ја исполнат желбата да одат на аџилак. Тие кандидати автоматски ќе се најдат на списокот за аџилак во 2024 година.
Ријасетoт на ИВЗ во РСМ на чело со Реис ул Улема Хфз. Шаќир еф. Фетаху одлучи аранжманот за аџилак во 2023 година да биде 6.550 евра (во кои се вклучени сите трошоци), додека престојот на аџиите на аџилак ќе биде 23 ноќевања во Мека, 5 ноќевања во Медина.
Во однос на зголемената цена, од ИВЗ истакнаа дека тоа се случува поради поскапувањето на сите цени и наметнувањето на ДДВ, што не било случај претходно. Минатата година аџилакот во РСМ чинеше 850 евра помалку, односно 5.700 евра.
Иако со високи цени, бројката е исполнета согласно квотата што ја одреди Министерството за аџилак на Саудиска Арабија.
Според ТРТ Балкан Исламската верска заедница на Македонија најави најскапи цени за организирање на аџилакот, во споредба со другите земји во регионот.
Ријасетот на Исламската заедница во Босна и Херцеговина одлучи цената на овогодишниот аџилак да биде 6.463 евра по човек,
Исламската заедница на Косово најави дека цената за одење на аџилак годинава ќе биде 6.350 евра.
Цената на аџилак во Црна Гора годинава чини 6.300 евра или 1.100 евра повеќе од лани…







