Адвокатот на обвинетите во случајот „Монструм“, Насер Рауфи, изјави дека одбраната нема намера да го повика премиерот Зоран Заев да сведочи во судскиот процес.
„Со оглед на тоа дека не е спорна надлежноста, нема врз основа на кои околности да биде распрашан, а снимките ќе можат да се слушнат и во судница“, вели адвокатот Рауфи во изјава за Телма.
Премиерот вчера изрази подготвеност, ако биде повикан, да сведочи во расветлувањето на случајот за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година и рече дека сите прислушкувани материјали биле предадени на СЈО.
Од Специјалното јавно обвинителство засега не откриваат дали Заев ќе биде ставен на списокот сведоци кои ќе бидат повикани.




