Одбраната на Бојан Јовановски бара првостепената пресуда за случајот „Рекет“ да биде укината или случајот да биде вратен на повторно судење, поради, како што беше истакнато, суштествени повреди и погрешно утврдена материјална и фактичка состојба.
Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски, образложувајќи ја жалбата пред Апелациониот суд, тврди дека нема никакво вештачење на електронски уред за овој случај, а особено на мобилниот телефон на неговиот клиент, со што го постави прашањето дали пресудата се заснова на докази или индиции.
Во случајот „Рекет“ Јовановски е осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“, а поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева на седумгодишна затворска казна.
Јанева денеска не присуствуваше на седницата поради здравствени причини и жалбата ќе биде презентирана од нејзините бранители Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска.







