На македонските одбојкари им стана традиција да ги слават успесите со оро и со евергринот на Гоце Николовски, „Бисер балкански“, па на таков начин го одбележаа и пласманот на второ Европско првенство едноподруго.



По триумфот од 3:1 над Турција во арената „Борис Трајковски“ не изостана ни исто така веќе традиционалното селфи.