И по втор пат Апелациониот суд Скопје ги одби тужбите од лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот сопартиец Муса Џафери за клевета против ексразузнавачот Слободан Богоевски.



Богоевски пред американскиот суд сведочеше дека Ахмети и Џафери зеле мито од по два и пол милиони евр, за да се одложи воведувањето трет мобилен оператор на македонскиот пазар.

Пред Њујоршкиот суд, Богоевски сведочел дека во скандалот, биле вмешани поранешниот премиер Владо Бучковски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот Муса Џафери и поточно, во три наврати биле исплатени по 2,5 милиони евра за секој од нив.

Во пресудата која денеска беше јавно објавена во Апелација, стои дека тужителите Ахмети и Џафери немаат право ни на нематеријална отштета.