Вчера на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаше дека работници сечат дрва со цел поубаво да се гледа билборд на кандидат за градоначалник во Кисела Вода од една партија.
Од Зелен хуман Град одлучија повторно да засадат дрво на истото место.
„Сечењето на белите дробови на Скопје не смее да се случи и природата не смее да трпи поради партиите!
Затоа, ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД излезе на терен на истото место каде што беше исечено дрвото, засади ново дрво, а старото исечено го потпревме назад врз билбордот. Сепак, поубаво е кога е зелено“.
Нема да дозволимеуништување на животната средина во Скопје порачуваат од Зелен хуман град!
Од вчерашното сечење ВИДЕО







