Од запален“ нисан“ пожарот се проширил на ЈП „Паркови и зеленило“

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за пожарот во кој изгоре бараката на ЈП „Улици и патишта“.



Пријавата ја добиле околу 01.15 часот дека на ул.„Стефан Јакимов Дедов“ настанал пожар во патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л.(38) од Скопје.

„Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б.(45) од Скопје и бараките на ЈП „Улици и патишта“ кои биле целосно опожарени, информира МВР.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а повредени лица нема.

В.д. директорот на ЈП „Улици и патишта“ Борис Настов во изјава за Курир вели дека во пожарот кој ги зафати бараките на претпријатието, лоцирани зад ТЦ Буњаковец опожарени се околу 380 м2 работни простории.

Во бараката се наоѓала документацијата на претпријатието, архивата, документација за вработените, финансови извештаи…