И покрај секојдневниот раст цените на прехранбените производи, на сметките за домување, па и на транспортот, од Владата тврдат дека засега нема сериозен ценовен шок за граѓаните. Проценката на надлежните е дека со мерката за замрзнати цени и со ограничените маржи, дури и некои цени се намалувале. Но, граѓаните забележуваат само тренд на поскапување.
Може ли да се сетите на цените на три производи кои сте ги пазареле во ноември лани и денес?
„Сирење 185, сега 235 денари за кило. Кашкавал 285 – 335 денари, грав 55 денари, сега е 65 денари“, рече еден граѓанин
„Секој ден се зголемуваат цените, секое пазарување има нови цени. Властите велат дека нема ценовен шок? За нив сигурно нема“, граѓанин
„Знам дека цената на зеленчукот е многу покачена. Колку? Многу.“
Алсат побарале цени на прехранбени производи од еден од најголемите ланци на маркети во Македонија. Податоците покажуваат дека за неколку месеци граѓаните плаќаат сериозно повисоки цени за набавка на храна. Поскапо е кафето, оризот, гравот, намазите, јогуртот, тоалетната хартија, детергентите и останати производи кои граѓаните редовно ги купуваат.






