Вечерва во 2 часот почнува летното сметање на времето и стрелките на часовниците се поместуват за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.



Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.
Европските земји сега се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика од следната година, откако со 384 гласа „за“ пратениците во Европскиот парламент изгласаа укинување на летното и зимско сметање на времето во 2021 година.

Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовниците го покрена Европската комисија во Унијата поради повеќе докази за негативно влијание од праксата. Освен негативно влијание врз човековиот биоритам, ваквата пракса доведува и до зголемен број сообраќајни несреќи, но и пад на продуктивноста на работното место.

Летното и зимското сметање претходно е укинато во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.