Од денеска во 22 часот на цела територија на државата се враќа полицискиот час, во траење од 22 часот до 05 часот наутро. а мерката ќе биде во сила до 22 март.
По предлог на Комисијата за заразни болести откако изминатите десетина дена беше забележан раст на бројот на заболени со ковид-19 оваа одлука вчера ја донесе владата.
Полицискиот час нема да важи за патниците кои доаѓаат или заминуваат кон аеродромите, а како дозвола ќе им се признаваат авионските карти. Истото важи и за другите патници од меѓународниот сообраќај. Исклучок има и за транспортерите на лица и стоки кои транспортот го спроведуваат во периодот кога на сила ќе биде полицискиот час, а за нив како дозвола ќе важи патниот налог. Транспортерите кои транзитираат во земјава, пак, ќе имаат обврска во рок од 3 часа да ја напуштат земјата.
Вработените во полиција, армија, безбедносно разузнавачки служби, здравствени установи, пак, ќе може да се движат слободно ама исклучиво за службени цели.
Оние граѓани кои ќе имаат потреба од итна медицинска грижа, исто така ќе може да излезат, но претходно ќе треба да се најават на телефонскиот број 192 во МВР.
За останатите вработени во фирми чии дозволи минатата година ги издаваше Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), важат истите решенија. (360 степени)
соопштија од МИОА.






