Приватниот автопревозник „Слобода превоз“ кој опслужува десет линии од градскиот превоз во Скопје, започнува со штрајк.
Како и во Случајот со „Макекспрес“ кој веќе речиси еден месец ги повлече автобусите од улицита, и овој пат причина е лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го подмирува долгот од околу еден милион евра кон „Слобода превоз“ .
Бидејќидоговор, превозниците преку тужба за директорот на ЈСП ќе го решаваат проблемот.
Градот Скопје го раскина договорот со приватните превозници наводно поради нехигиенски и неипсравни автобуси.
Инаку пред месец дена за првпат од формирањето на ЈСП Скопје остана без јавен превоз, бидејќи вработените стапија во колективен штрајк поради неисплатени плати.
Веднаш потоа приватните превозници на „Макекспрес“, исто такa поради долг кој не можеа да го наплатат од ЈСП, односно Град Скопје, прекинаа да ги превезуваат патниците.







