Владата на денешната седница го усвои предлогот на Кризниот штаб, и одлучи од утре (вторник) полицискиот час да почнува од 20 часот до 05 часот, дознава ТВ21.
Премиерот Заев и министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопштат деталите, како и дали и какви рестрикции ќе има за угостителските објекти
Останува уште вечерва да има полициски час од 22, а од утре порестриктивен.
Мерките за угостителските објекти, фитнес-центрите, спортските сали и обложувачниците ќе стапат во сила в среда, 7 април, и ќе траат до 20 април.
Исклучок остануваат угостителските објекти во двата аеродроми.
Лицата што во периодот на полицискиот час ќе бидат на вакцинација ќе можат да се вратат до дома, а дозвола за движење ќе им биде потврдата за имунизација, додека земјоделците што се движат од нивите до пазарите и обратно ќе имаат дозволи како и претходно.
Од другите мерки, останува и строгата забрана за групирање на повеќе од четири лица.
Овие мерки ги усвои Владата на денешната седница по препорака на здравствените власти.






