Трговците до последен момент тактизираат околу намалување на цените на основните производи, кои граѓаните со душа чекаат да купат поевтино. Веќе од утре граѓаните треба да јадат за 10% до 15% поевтини шпагети, макарони и млечни производи. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека производителите очигледно го чекаат последниот ден за да ги намалат цените.
„Очигледно така сме навикнати во нашето општетство, секогаш е последниот ден, дури и ако е за добра работа чекаме последен ден. Ќе ги видиме утре наутро цените коишто ги кажавме“, рече Битиќи.

Битиќи најави дека Владата ги следи движењата на пазарот и ако цените на основните суровини паѓаат, а цените на производите останат исти – тогаш ќе мора да се донесат одлуки за замрзнување на цените кај овошјето и за зеленчукот.
„Ако основните суровини паѓаат, не може цените да останат исти“.
И од земјоделство очекуваат да се намалат цените на производите. На новинарско прашање дали има простор за намалување на цените на зеленчукот и на овошјето, министерот за земјоделство рече дека се исполнува поставената цел и е зголемено производството на сончоглед и на житните култури.
„Наша обврска е да интервенираме да ги намалиме трошоците што ги имаат земјоделците при производство на храна и да го одржиме и зголемиме домашното производство и во тоа успеваме, рече Николовски, кон учествуваше на презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци“.
Одлуката за замрзнати цени ќе се применува од 16 март и ќе трае до 31 мај годинава. Инаку, ова е второ замрзнување на цените годинава. Претходно, се замрзна цената на лебот на 33 денари.
Од основните прехранбени производи незамрзнати останаа уште цените на шеќерот, јајцата од кокошка и македонскиот ориз, за што се прават анализи производителите и трговците сами ги намалат цените. Ако тоа не се случи – тогаш Владата ќе носи одлука за замрзнување и на овие цени.





