Од утре нема бесплатен ЈСП превоз – воздухот е чист

Од утре четврток (30 декември) прекинува да важи одлуката за бесплатен превоз за сите граѓани во јавниот превоз, која времено се донесе како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот, објави ЈСП.



Податоците од вчера за среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3.

Претходниве денови во Скопје но и низ повеќе градови низ Северна Македонија се регистрираа високи концентрации на ПМ10 честички, а според сајтот IQ AIR, главниот град вчера се најде во топ 10 најзагадени градови во светот.