Како што беше најавено, од утре почнува етапната исплата на пензиите на шалтерите на банките, а од Министерството за труд и социјална политика папелираат граѓаните да се држат до распоредот за подигнување направен според висината на примањата на пензионерите
– за пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27-ми април;
– за пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28-ми април;
– за пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29-ти април и
– за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30-ти април.
Етапната исплата на пензиите е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.






