„Коридорот 10“ низ територијата на Македонија конечно целосно ќе профункционира откако денес беше и официјално пуштена во употреба делницата од 28 километри на потегот Смоквица – Демир Капија, а по новиот автопат ќе моќе да се вози од утре.
На свеченото пуштање во промет на овој дел од автопатот чија изградба почна во 2012 присуствуваше премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, евроамбасадорот Самуел Жбогар.
„Овој автопат поврзува и води кон ЕУ. Оваа делница од автопатот ‘Пријателство’ во себе ја има вградено искрената приказна за поддршка и соработка“, рече премиерот Зоран Заев.
270 милиони евра чинеше изградбата на 28,2 -те километри нов автопат – кој за 25 минути ќе го скратат патувањето кон Грција и обратно – од кои 107 милиони евра се кредит од Европската банка за обнова и развој, 130 милиони евра од Европската инвестициска банка, 45 милиони евра од ЕУ, а шест милиони од домашниот буџет.
Автопатската делница ја градеше грчката компанија „Актор“.
https://www.facebook.com/tvsitel.mk/videos/10156156257030535/





