Од Унгарија до Бугарија: Авион без дозвола прелетал 4 земји

Двомоторен авион „Бичкрафт“ со две лица вечерва без дозвола го прелета воздушниот простор на Унгарија, Романија, Србија и Бугарија.



„Авионот што влегол во романскиот воздушен простор не покажал знаци на непријателство или опасно однесување. Пилотот не одговорил на радио повиците и визуелните сигнали од воените авиони што го придружуваа авионот во согласност со меѓународните правила“, соопшти романското Министерство за одбрана.

Авионот полетал од реонот на унгарскиот град Дебрецен околу 17.30 часот, без одобрение и план за лет и со исклучени транспондери.

Два унгарски воени авиони го придружувале леталото во унгарскиот воздушен простор.

На авионот околу 19 часот му биле потребни околу две минути да прелета од Романија низ воздушниот простор на Србија и потоа да влезе во воздушниот простор на Бугарија.

„Бугарските власти работат на терен и ја испитуваат последната позната позиција на авионот со цел да се идентификува и да се откријат дополнителни детали“, се вели во соопштението на романското Министерство за одбрана.