Професорот, Никола Тупанчески, сега веќе екс-министер за правда вели дека два дена откако бил разрешен до Министерството за правда од Министерството за финансии било испратено барање за потпишување на правно мислење за еврообврзницата.



„Ве информираме дека министерот за правда Никола Тупанчески до Владата поднесе оставка од функцијата на 10.02.2023 година. Собранието ја констатираше оставката и престанокот на функцијата министер за правда на седница на 13.02.2023 година. Од 14.02.2023 година, Никола Тупанчески е во работен однос на Правниот факултет ‚Јустинијан Први’. Барањето од Министерството за финансии за потпишување на правно мислење за еврообврзницата е примено во Министерството за правда на 15.02.2023 година. Со оглед на тоа што Тупанчески не е министер за правда од 13 февруари, тој нема право да стави потпис како министер“, се вели во соопштението од Тупанчески. 

Од Министерството за правда исто така информираа дека Никола Тупанчески до Владата  поднесе оставка од функцијата на 10.02.2023 година.

Собранието ја констатираше оставката и престанокот на функцијата министер за правда на седница на 13.02.2023 година.

Од 14.02.2023 година, Никола Тупанчески е во работен однос на Правниот факултет ,,Јустинијан Први”.

Колку ќе чини пропаста на еврообврзницата поради м икнистерскиот вакуум

Еврообврзницата од 600 милиони евра пропаѓа и ќе мора да се организира нова аукцција, бидејќи правното мислење од поранешниот министер за правда не е потпишано, и мора да се чека изгчласувањето на новиот министер од Собранието.