Министерството за труд и социјална политика известува дека од почетокот на отворањето на градинките на 9.09.2020 година, пријавени се два посебни случаи на вработени позитивни на Ковид 19, во две Јавни установи за згрижување на деца – детски градинки.
Во првиот случај, се работи за објект „Коца Василевска“ при ЈОУДГ Мајски Цвет, Битола, каде од стана на КЗБ остварен е контакт со родителите на децата и изолирани се само децата од таа група. Согласно нивните проценки, нема опасност за останатите групи .
Истовремено и за сите пет деца кои беа во групата на вработената, позитивна на Ковид-19, даден е предлог за здравствен надзор заклучно со 23.09.2020.
Вториот случај, се работи за вработена во градинка ЈУДГ на О.Ц ,,Раде Јовчевски Корчагин“, која од 09.09.2020 год не е на работно место и нема контакт со прием на деца во период кога градинките почнаа со работа , прием на деца и згрижување, пренесе ТВ.21.







