Од среда во маркетите 50 прехранбени производи ќе бидат одбележани со видлива назнака „гарантирана цена“ кои ќе чинат колку што се продавале на 1 август и дополнително на тоа намалени за минус 10 отсто.



Тоа трговците ќе мора да го почитуваат до 30 ноември, објави денеска министерот за економија Крешник Бектеши..

Како што кажа, за кои производи се работи, ќе биде објавени утре по владината седница.

Се работи за 25 категории на основни производи, а според бројот и видот на производи, се работи за повеќе од 50 – додаде тој.

Бектеши уште додаде дека се работи за прехранбени продукти од пекарска, месна, млечна, кондиторска индустрија, односно дека станува збор за производи кои повеќе се трошат во земјата според Заводот за статистика.