Почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз треба да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот, одлучи главниот координативен кризен штаб кој го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести.
Повод е епидемиолошката состојба во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, дознава ТВ21.
Владата на утрешната седница треба да ги усвои следните мерки:
-дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.
-сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.
-во детските градинки да се дозволи зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.
-вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.
-се дозволува користење на годишните одмори за здравствените работници.
Овие мерки ќе важат до 18 мај 2021 година, дознава ТВ21.







