Од Софија закана со смрт на Пендаровски иако тој смета дека Делчев се изјаснувал како Бугарин

Иако претседателот Пендровски пред 3 години и 7 месеци изјави дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин по што беше воспеван во Бугарија дојде време од Софија да добива закани дека ќе заврши како српскиот крал Александар кој беше убиен во Марсеј од страна на член на историското ВМРО.



Европратеникот Ангел Џамбаски за кој Пендровски побарал да биде прогласен за Персона нон грата односно да не може да влезе во Македонија му упатува јасни закани за смрт на Пендаровски кој предходно беше омилен во Софија затоа што рече дека нема дилеми дека Делчев се изјавувал како Бугарин.

На прашањето дали се препознал во изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски дадена по националниот Совет за безбедносте, кога шефот на македонската држава кажа дека дал предлог да му се забрани влез на еден европратеник, Џамбаски одговори потврдно. Но и додаде дека „се препознава секој Бугарин кој работи во интерес на Бугарите во Македнија“.

„Сакам да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерна, дека и во минатото имало личности кои се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија. Последниот таков пример е со југословенскиот, поточно со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа“, вели Џамбаски.

,,Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, во тој историски контекст, како што е неспорна историска вистина и факт дека се борел за македонска држава”, изјави претседателот Стево Пендаровски во јуни 2019 година во интервју за „360 степени“ на Алсат М.

Зборувајќи за дискусиите кои се водат во Бугарија и Македонија за националноста на Гоце Делчев, Пендаровски рече дека изминатиов период имал интензивни консултации со луѓе кои се разбираат од проблематиката.

-Сигурен сум дека постепено ќе станува политички проблем. Тврдам дека допрва ќе станува политички проблем ако пристапот од бугарска страна продолжи да биде ваков. Неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку сознанија од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но дали не е историска вистина стопроцентна дека Гоце Делчев се борел за македонска држава, автономија, независна држава, па дури и на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија. Не постои ниеден документ кој вели дека Гоце Делчев се борел за голема Бугарија или изјави или став дека се борел за припојување на тогашната провинција во Османлиското царство Македонија, кон Бугарија – рече тогаш Пендаровски.