Авион на бугарската компанија „Гуливер“ денеска во 9,30 слета во Скопје по 35 минути лет од Софија. Новите бугарски власти инсистираат на воспоставување на редовна либнија со оглед на тоа што транспортната инфраструктура меѓу Бугарија и РС Македонија е во мизерна состојба.
„Ова се единствените две соседни земји во Европа, а можеби и во светот, кои немаат нормални транспортни врски меѓу себе – ниту патни, ниту железнички. Така, за растојанието помеѓу Софија и Скопје, кое е околу 200 километри, потребни се 4-5 часа“, јавува дописникот на БГНЕС.
Аавионската линија Софија-Скопје беше воспоставена и пртетходно, но беше укината во 2010 година.
Оттогаш сите бугарски влади повторуваа дека има предуслови за таква линија, но, сепак, таа не е обновена повеќе од една деценија.
Во 2014 година Здружението на бугарски авиокомпании подготви извештај за можностите и перспективите за проширување на соработката во воздушниот сообраќај меѓу Бугарија и Република Македонија, во кој се констатира дека има „затишје“ во областа на цивилниот воздушен транспорт.
Според извачтајот, како што пренесува БГНЕС, Бугарија ја има потребната инфраструктура како што се аеродроми, услуги на воздушниот сообраќај, конкурентни авиокомпании, организации за одржување, центри за обука итн., што е добар предуслов за обновување на директните летови.
Но, и покрај овие параметри, меѓу Софија и Скопје нема летови.
Главната причина зошто е така е затоа што авионската линија е финансиски неисплатлива.







