Од следната недела два часа евтина тарифа од 13 до 15 часот, ама што е со цената на струјата?!

Наскоро граѓаните пак ќе можат да ја користат евтината дневна тарифа на струјата. Од 1 идниот месец се враќа евтината дневна тарифа. Таа ќе се користи од 13 до 15 часот и е воведена поради повеќемесечното намалување на цената на струјата на берзите. Евтината дневна тарифа е укината на почетокот на 2022 година, кога имаше поскапување на цената на струјата за 9,48 отсто. Ако останеше евтината тарифа, цената на струјата ќе се зголемеше за дополнителни 5 отсто. Со евтината дневна тарифа, домаќинствата ќе можат да заштедат. 



Првата и втората група на корисници, кои трошат помалку струја, не треба да се загрижени за цената. Тука спаѓаат близу 98 проценти од граѓаните, уверуваат од Владата. Интервенции би требало да има, во блок тарифата три и четири каде се поголемите корисници, кои трошат повеќе.

Директорот на Агенција за енергетика, Дарио Николовски за ТВ21 истакна дека државата покажала дека нема да има енормни шокови во цената на електричната енергија.

Кон крајот на овој месец ЕВН Хоум ќе го распише тендерот на кој што ЕСМ ќе ја понуди количината и цената која што ја има. Дополнително, Комисијата за енергетика ќе ги утврди тарифите за дистрибуција и пренос кон МЕПСО, МЕМО“, вели Николовски.

Регулаторната комисија ќе има можност да интервенира на доставената цена од ЕВН хоме.

Регулаторната комисија ќе може да интервенира , отткако ќе ги разгледа сите параметри врз кои ЕВН Хоум ја донела цената.Практично целта е иста , променет е само начинот , кој е согласно Европските вредности.“, рече Николовски.

Она што е извесно е дека од 1 декември стартува дневната евтина тарифа, домаќинставата ќе имаат струја по евтина тарифа 13 до 15 часот во текот на денот. Праксата покажува дека декември е поладен месец и затоа и тогаш се става на располагање на граѓаните.