Од утрово речиси целосно да е нормализиран авио сообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје.
И покрај маглата утрово полетаа шест авиони, дел со мало задоцнување, додека патниците од Истанбул со авионот што требаше да слета во 7:55 се очекува да пристигнат со еден час задоцнување. На веб страната на аеродромот пристигнувањето на авионот од Истанбул е најавено со еден час задоцнување.
Следното слетување на аеродромот е после 11 часот.
Синоќа неколку летови беа пренасочени и слетаа кон Приштина, но од полноќ се реализираа слетувања од неколку дестинации.
За утрово закажаните полетувања исто така се остваруваат.
Поради густа магла два дена аеродромот во Скопје откажуваше, пренасочуваше или доцнеше со летови.







