Од Скопје барање ОЛАФ да го истражува холандскиот амбасадор за Јанева и Боки 13

Има ли некаква поврзаност меѓу холандскиот амбасадор Вутер Пломп и последниот случај на рекет во Македонија.



Ова прашање го поставува јавно екс амбасадорот Арсим Зеколи.

“Дали е време ЕУ и Европска канцеларија за борба против финансиски измами (ОЛАФ) да отворат истрага за улогата на Холандската амбасада во огромниот рекетарски и корупциски случај кој ја инволвира специјалната јавна обвинителка Катица Јанева?

Со специјален фокус на амбасадорот Волтер Пломб и локални функционери кои тој ги претпочита”, пишува аналитичарот Арсим Зеколи на Твитер.