Албанскиот премиер Еди Рама објави дека
во својата земја се враќаат 4 деца и една жена на борци на ИСИС.
Рама во вторникот ја спровел операцијата за враќање на деца и жената албански државјани кои долго време се наоѓаа во кампот Ал Хол во Сирија.
Најголем дел од децата и жените во овој камп ги загубиле своите татковци и сопрузи кои се бореле на страната на Исламскиот Калифат ИСИС.
Рама ја објави реатријацијата од Бејрут каде се префрлени децата и жената по преговорите кои се одвивале со посредство со Меѓународниот црвен крст а траеле 12 месеци.
Сите репареирани се веќе во Тирана каде ќе добијат соодветна здравствена и и социјална заштита од Албанската држава.
Според проценките на меѓународни хумантирани организации во истиот или слични кампови во Сирија во ужасни услови за живот има илјадници деца и жени на загинати или исчезнати борци на ИСИС кои чекаат враќање во матичните држави.
Меѓу нив, според повеќе извори има и Македонски државјани или деца без државјанство чии родители се граѓани на Македонија, Албанија, Косово од други држави во регионот.






