Игнорирање на своите јавни ставови и молк на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити, кој пред два месеци најави дека ќе поднесе интерпелации за првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Извори во ДУИ велат дека молкот на Меџити и по истекот на стоте денови од владењето на владината коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ се должи на две опции:
1. Страв дека судир во ДУИ може да предизвика негативни последици по него и неговите поддржувачи лично и
2. Договор со лидерот Ахмети за високи позиции за негови луѓе од скопското крило како и други бенефиции од државните фондови
Од партеничката група на ДУИ за плусинфо.мк потврдуваат дека досега за ова Меџити не само што не разговарал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, туку дека ова прашање не го отворил за дискусија во ниту еден партиски орган, ниту пак, во пратеничката група.
Коментарите на сопартијците на Меџити се дека најавата за интерпелации за двајцата функционери била само форма на притисок до Ахмети, поради несогласувањето Османи и Груби да бидат во извршната власт.
“Меџити како координатор на пратеничката група за интерпелациите за Груби и Османи воопшто не разговарал со пратениците. Не верувам дека тој ќе поднесе интерпелации, но и евентуално ако се реши на таков чекор пратеничката група на ДУИ нема да го поддржи. Одговорност за работата на министрите на ДУИ не верувам дека некој ќе побара по истекот на првите 100 дена од владеењењто. Кадровски промени може ќе има, бидејќи пред нас се четири години владеење, но не сега”, вели за Плусинфо пратеник од ДУИ.
И други сопартијци на Меџити со кои разговарале од порталот велат дека освен неговата изјава, во партијата никогаш не е отворено прашањето за интерпелации за Груби и за Османи.






