Марк Грин, администратор на американската агенција за меѓународен развој УСАИД, се „поправи“ за формулацијата „Северни Македонци“ и ја замени со „народот на Северна Македонија“.



Станува збор за неговиот твит за посетата на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, кој Грин го коригирал неколку часа откако expres.mk извести за досега непознатата популација во објавата на првиот човек на УСАИД.

Корекцијата на американскиот функционер беше инспирација за најновата колумна на Џејсон Мико, поранешен почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона.