Од септември пензиите во просек повисоки за 900 денари

Собранието вечерва ги изгласа измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои се предвидува нова методологија за пресметување на растот на пензиите.



Новата методологија за пресметување на раст на пензиите, предвидува дека тие ќе се усогласуваат два пати годишно – во март и септември.

Првото покачување според новата методологија ќе го добијат уште овој септември и оти тоа ќе донесе историско највисоко зголемување односно пензиите во просек ќе пораснат по околу 900 денари.

Новата методологија предвидува при усогласувањето да се земаат предвид растот на трошоците за живот и растот на просечната плата.

Како дел од антикризните мерки секој пензионер во наредните три месеци (април, мај и јуни) ќе добие по 1 000 денари.