Oд септември ќе се учи од учебници без иредентизам

Заменик министерот за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис кој го предводи грчкиот тим во Комитетот за учебниците е оптимист дека од следната учебна 2019-2020 година, Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања, ќе успее да ги отстрани иредентизмот и ревизионизмот од учебниците.



Боларис верува дека штом постои добра волја ќе има и успех, а експертите се фокусираат за да го имаат најдобриот можен резултат, јавува МИА од Атина.

„ Она што нѐ разделуваше беше пропагандата на иредентизмот и ревизионизмот“, изјавил Боларис на прес-конференција во грчкото МНР. Според него, од моментот кога во Преспа договорот беше за тоа конкретните работи да се отстранат од масата, „треба да излезат и од книгите, бидејќи кога се изучува ова се создава проблем во општествата и кај народите“.