Оставката на Заев дадена јавно на дента на изборите требаше формално да се случи за неколку дена, потоа рокот беше минатиот петок, за минатата недела СДСМ да брифира дека ќе се чека самитот на ЕУ на средината на Декември.
Сега веќе од СДСМ зборуваат за крајот на декември и почеток на идната година.
Во изјава за фокус високи партиски извори велат дека Заев може да замине дури и на почетокот на идната година без да прецизираат дали се работи за Јануари, Февруари или Март кои се го првиот квартал и се уште се сметаат за почеток на годината.
“Без оглед на епилогот, Заев планира повлекување од премиерската функција на крајот на оваа или на почетокот на следната година, додека, истакнуваат од СДСМ, на следниот Централен одбор треба да се распише постапка за избор на нов претседател”, велат високи партиски извори во СДСМ за Фокус заборавајќи го тоа што беше предходно кажувано за брзо заминување на Заев уште минатата недела.






