Од СДСМ лажеле дека струјата ќе поевтини, анализата на Телма покажува дека електричната енергија ќе биде поскапува за сите граѓани.
,,Новата година ќе донесе повисоки сметки за струја за најголемиот дел од домаќинствата. За некого сметката ќе се зголеми за 50, за некого 150 денари, ама ретко кое просечно домаќинство ќе куртули од поскапувањата.
За некого сметката ќе се покачи за 5 отсто, за некого 15 отсто. За куќите и становите во кои никој не живее, сметките ќе се зголемат за повеќе од двојно”, покажува анализата на Телма според која домаќинствата кои се греат и готват на дрва, и плаќаат сметки за струја од околу 1000 денари, ќе добијат поскапување од околу 150 денари, што е зголемување за 15 отсто.
Предходно СДСМ објави дека поевтинува струјата за сите граѓани.
Новите цени на струјата ги нема ниту на сајтот на ЕВН, ниту на Регулаторната комисија за енергетика, но се објавени во Службен весник од 27 декември.
Цената на струјата во првиот блок се намалува, во вториот блок останува иста, а во третиот и четвртиот поскапуваат, но се воведува нова ставка – пристап до мрежа од 200 денари.
Околу 80 отсто од потрошувачите се во првите два блока.
Со новите цени, тие може да заштедат најмногу до 89 денари, но со пристапот до мрежа од 200 денари, поскапувањето ќе им биде 111 денари.
Целата вест на Телма






