Од СДСМ исклучен човекот кој крвареше за да му го спаси животот на Заев

Максим Димитриевски актуелниот градоначалник на Куманово, кој дојде на функцијата како кандидат на СДСМ, веќе не е член на владејачката партија, која објави дека ќе оди со друг кандидат на претстојните локални избори, пренесе „360 степени“.



Димитриевски беше еден од луѓето кој беше повреден и крвареше при обидот да го спаси Заев од нападот на 27 април. За разлика од него Шилегов кој на снимките пуши цигара во позадина Димитриевски според беше повреден додека го спасуваше Заев при што во еден момент го гушка лидерот на СДСМ за да го смири.

Новиот кандидат на СДСМ, Оливер Илиевски, секретар на општинската организација на партијата, практично, ќе му биде противкандидат на Димитриевски, кој минатата седмица собра потписи за независен кандидат, соочен со тактизирањата на партискиот врв околу утврдувањето на кандидатурата за најголемата општина во државата. Со овој потег, Димитриевски влезе во отворен конфликт со партискиот врв.

Генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, промовирајќи го новиот кандидат за Куманово, рече дека Димитриевски сам се исклучил од партијата. Тој нагласи дека СДСМ има само еден кандидат во Куманово, алудирајќи на забелешките во јавноста дека во најголемата општина во државата СДСМ ќе се натпреварува против СДСМ на овие избори, пишува Радио Лидер .