Рускиот амбасадор во Соединетите Американски Држави, Анатоли Антонов, предупреди утрово дека ќе има последици на американскиот воен удар во Сирија и истакна дека не е прифатливо да се навредува рускиот претседател.
Америка заедно со Франција и Велика Британија ноќва започнаа воена воздушна операција против Сирија.
Претседателот Трамп објави дека нападите имаат за цел уништување на сириски хемиски постројки а по неколку минути во Дамаск сведоци слушнале силни експлозии.
„Претходно смисленото сценарио се спроведува. И уште ни се закануваат. Предупредивме дека таквите акции нема да останат без последици“, реагираше рускиот амбасадор Анатолиј Антонов на Твитер.
„ Да се навреди претседателот на Русија е неприфатливо и недозволиво. САД – сопственик на најголемиот арсенал за хемиско оружје – немаат морално право да обвинуваат други земји“, напиша тој.
САД и нивните сојузници ја нападна Сирија токму кога таа земја доби шанса за мирна иднина, напиша на Фејсбук портпаролот на руското Министерство на за надворешни работи, Марија Захарова, пренесеновинската агенција ТАСС.
Потсетувајќи дека причина за нападот минатата ноќ беше инцидентот од 7 април во сирискиот град Дума, каде наводно „се користело хемиско оружје”, Захарова потсети дека таквите информации ги рашириле „голем број невладини организации, вклучувајќи ги и белите шлемови“.




