Од прослава на трактор, па во болница – повредени 16 матуранти

16 млади луѓе се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 10:35 часот во Истра, Хрватска, откако се превртел трактор во чија приколка биле матуранти.



Со тракторот управувало момче кое нема возачка дозвола. Откако стигнал до остра кривина и удолница, возачот од засега непознати причини го префрлил тракторот на спротивната страна од коловозот, потоа излетал коловозот и продолжил да се движи при што приколката се одвоила од тракторот и се превртела, а 15 патници испаднале од приколката и се здобиле со повреди.

Покрај патниците, повреден е и малолетникот кој го управувал тракторот, а на лице место лекарска помош добиле сите, по што во болницата во Пула медицински се згрижени 14 лица, а две лица се пренесени во болницата во Риека.