Од Приштина бараат санкции за Вучиќ

Бљерим Веља, шеф на Кабинетот на косовската претседателка,Вјосе Османи бара санкции за Вучиќ поради неговата изјава дека нешто од договорот (со Приштина) ќе спроведе, а нешто не.



Веља на Твитер сподели видео од гостувањето на Александар Вучиќ на РТС во кое српскиот претседател зборува за спроведувањето на европскиот договор за Косово.

„Вучиќ за РТС Србија за спроведувањето на договорот со Косово рече: „Ќе спроведеме некои делови (од договорот), а други не. Јасно кажав што нема да спроведам. Јасна контрадикција со договорениот став на ЕУ.
Санкции треба да следат“ напиша Веља на Твитер.