Од портпарол во МВР до претседателски кандидат

Долгогодишен советник за безбедност и надворешна политика на двајца македонски претсњедатели, поранешен прв човек на ДИК, пратеник професор, актуелен владин функционер е кандидатот на владејачкото мнозинство за претседател на државата, Стево Пендаровски,



Во ноември 2017 Пендаровски беше назначен за национален координатор за НАТО. Кратко пред да го именуваат на функцијата, тој беше пратеник во Собранието, а во изминатите 11 години е професор на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје каде што предава повеќе предмети од областа на геополитиката, глобализацијата и меѓународните односи и безбедност.

Во периодот 1998-2001 беше началник на Управата за аналитика и истражување во МВР и портпарол на тоа Миинистерство.

Во периодот од д 2001 до 2004 година беше советник за национална безбедност на претседателот Борис Трајковски.

Од 2004 до 2005 година Пендаровски беше претседател на Државната изборна комисија.

Од 2005 до 2009 година се враќа во претседателскиот кабинет овој пат како советник за надворешна политика на претседателот Бранко Црвенковски.

На парламентарните избори во 2016 беше носител на листата на СДСМ во првата изборна единица.

Во 2014 тој беше кандидатот на СДСМ за претседател на државата, но на изборите загуби од Ѓорге Иванов со 398.000, наспроти
534.000 гласови што ги освои Иванов.