Од попладне заладување: Дожд, ветер, грмотевици…

Веќе околу пладне денеска на повеќе места во државата се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се најавува невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични прзнења и град.



Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 22, а максималната од 29 до 37 степени.

Во Скопје, слично време со појава на нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладне. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 33 степени.

И во недела во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветерсо температура пониска за неколку степени.