Од понеделник пријавените 180.000 граѓани ќе бидат вакцинирани за 20 дена

Околу 180.000 граѓани кои се пријавени за вакцинација, а се уште не добиле термин, според Министерството за здравство, стартувајќи од понеделник ќе бидат вакцинирани во следните 20 дена.



Станува збор за околу 64.000 граѓани на возраст од 40-59 години се пријавени на веб-страницата за вакцинација, а сѐ уште немаат термин кога да се појават на еден од пунктовите. Над 40.000 граѓани на возраст од 60-99 години исто така чекаат вакцина.

Откако ќе заврши вакцинацијата на овие граѓани, се очекува вакцинирањето да се одвива без термини, односно секој граѓанин ќе може да оди до најблискиот пункт за вакцинација и да ја прими вакцината што е достапна.

До крајот на месецот се очекува да пристигнат 100.000 Фајзерови и 500.000 кинески вакцини.